Скопје е домаќин на 13. Балкански кендо куп од 28 до 30 април

Од 28 до 30 април Скопје е домаќин на 13. Балкански кендо куп во целосна организација на МКИФ (Македонска кендо иаидо федерација).

Купот ќе се одржи во спортскиот центар Форца.

Ова е најголемиот Балкански кендо куп до сега со над 160 пријавени учесници од 11 земји: Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Романија, Турција, Грција и Малта како гостин.

Борбите ќе се одржуваат истовремено на неколку борилишта (шиаи), а се поделени во следните категории (индивидуални и тимски).

-Јуниори ( 9-18 )
-Жени (18+)
-Мажи (18+)
-Ветерани (40+)

Покрај борбите учесниците имаат можност да полагаат за 1(прв), 2(втор) и 3(трет) степен (дан) и од 7 до 1 ученички степен (кју).

Кендо е јапонска мечувалска боречка полуконтактна вештина која во Македонија се практикува од 2006-та година под водство на Златко Кескоски и Андреј Атанасовски.

Македонија по трет пат е домаќин на едно вакво првенство, а ова е еден од поголемите кендо настани во регионот кој се одржува секоја година во различна држава и е убава можност да се запознаете со самата вештина и јапонската култура.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО