Светскиот шампион Ентони Џошуа очигледно сака да се пофали, бидејќи поседува некои навистина скапи предмети.
Можеби најатрактивното нешто што го поседување на ЕЏ е боксерска ракавица обложена со дијаманти, на која може да се види неговиот потпис.
Точната цена на ракавица не е позната, но веројтано износот не е мал!
Меѓу омилените предмети на Џошуа е и „рејнџ роверот“, стилизиран специјално за него и тој е со негов потпис.
Цената на автомобилот е околу 150.000 фунти, кои изгледаат скромно во споредба со милионите кои ги заработи по победата над Владимир Кличко.
Џипот располага со 5.0-литарски V8 кој забрзува од 0 до 60 за само 5,1 секунди.
Потписот на ЕЏ е ставен и на потпирачите на седиштата.