Дана Вајт за Мек Грегор-Мејведер: Продолжуваме, но може и да се откажам

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, потврди дека преговорите за бокс мечот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор продолжуваат.

Вајт се пожали дека Генади Головкин и Канело Алварез го претекнале за датумот 16 септември.

Тој додаде дека ако продолжат тешкотиите во организирањето на средбата, тогаш би можел да се повлече од разговорите.

„Причината поради која тие ми го земаа датумот, затоа што не успеав навреме да го завршам договорот. Тие го зедоа овој датум, но – продолжуваме, нема да чекаме никого“, изјави Дана и додаде:

„Во никој случај не велам дека се приближуваме до договор. Од порано знаев дека ќе биде кошмар да го средам тоа… ако воопшто може да биде договорено. Ќе видиме. Очигледно е дека и двајцата сакаат да се борат. Но, дали може да се договори? Ова е прашањето“.

„Овде дури не станува збор за Мејведер. И кај двете страни има потешкотии. И да, апсолутно – има момент, кога ќе ми дојде преку глава. Тоа не е она што го правам, не е мојот бизнис. Дефинитивно би се повлекол“, истакна Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО