
Џудо клубот Пролетер од Прилеп освои седум медали на Меѓународниот турнир „Јанко Димов“ во Софија.

Златен медал освои Марија Томеска, Теодора Димеска беше втора, а бронзените медали се за: Никола Спиркоски, Мартин Петрески, Валентин Цаноски, Јордан Ѓеорѓиоски и Ана Марија Трајческа.


ipon.mk/В.Д.