Во недела (5 октомври) ќе се одржи 6-от традиционален меѓународен џудо турнир „Прилеп-Град Херој-2014“ за јуниори и пионери.
Турнирот е во комплетна организација на џудо клубот „Сеишин“- Прилеп, во координација со Џудо федерацијата на Македонија. На ова натпреварување се очекува учество да земат најмалку 200 натпреварувачи од околу 20 клубови од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово.
За сите љубители на овој спорт влезот слободен.
ipon.mk/ В.Д.