Во организација Џудо федерацијата на Македонија од 21 до 25 мај во одморалиштето „Михајлово“ кај Кавадарци ќе се оддржат подготовките на потенцијалните репрезентативци во јуниорска, кадетска и пионерска категорија, а истовремено ќе бидат оддржани и судиски семинар и стручен семинар за тренери.
Согласно информациите од ЏФМ подготовките на потенцијалните македонски репрезентативци во џудо ќе ги раководат селекторите на пионерската, кадетската и јуниорската селекција, а покрај на падините на Кожува, џудистите ќе тренираат и во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.
ipon.mk/В.Д