Џудистот од Египет казнет откако не сакаше да се ракува со Израелецот

Dsudisti egipet izrael ne se pozdravuvaat

Меѓународниот олимписки комитет го казни Египќанецот Ислам Ел Шехаби кој одби да се поздрави со израелскиот ривал Ор Сасон откако изгуби од него на Олимпијадата во Рио.

Од МОК соопштија дека однесувањето на Ислам не е во духот на пријателството, што е карактеристика на олимписките вредности. Заради тоа го осудија неговиот потег и спортистот го испратија дома, јавува AП.

Според пишувањата, потегот Шехаби (34 г.) бил политички мотивиран. Сасон освои бронза на Олимпијадата во категоријата 100 килограми.

Dzudisti ne se pozdravuvaat Egipet Izrael

„Ракувањето со противникот не е обрзувачко во правилата за џудо. Тоа се случува меѓу пријатели, а тој не е мој пријател. Немам никакви проблеми со еврејскиот народ ниту со луѓе од друга религија или различни верувања. Но, поради лични причини, не можете да барате од мене да се ракувам со некого од таа држава, особено не пред целиот свет“, изјавил Ел Шехаби по мечот, пренесува Ројтерс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON