Џудистите засадија дрвца на Светскиот дена на џудото

Македонските џудисти во близината на градот Прилеп во месноста Селце – Манастир го  одбележан Светскиот ден на џудото 28 октомври – роденденот на таткото на џудото Џигоро Кано.

„Денешните активности на Џудо федерацијата почнаа со одржување на конститутивната седница на Извршниот одбор, потоа активноста продолжи на локацијата Селце – Манастир каде што се одржа централната манифестација за одбележување на Светскиот ден на џудото, беа засадени млади садници во чест на роденденот Џигоро Кано – оваа година под мотото Засади дрво“, соопштуваат од Џудо федерацијата на Макеоднија.

Од ЏФМ изразуваа благодарност до ЈП Македонски шуми – Скопје, подружница Црн бор – Прилеп, ЈКП Комуналец – Прилеп, ТППЕ Прилеп и ДОО Кожувчанка за безрезервната подршка во одбележувањето на овој голм ден за џудо спортот во целиот свет.

Заедно со 40 милиони џудисти ширум светот,  раководството на федерацијата, спортските работници, џудистите од џудо клубовите Сеишин, Пролетер, Прилеп, Санкаку и Бушидо зедоа активно учество во одбележување на роденденот на Џигоро Кано засадувајќи млади садници. Во текот на денешниот и утрешниот ден прославата ќе биде одбележена и во другите градови каде што и останатите џудо клубови во чест на големиот празник, Светкиот ден на џудото 28 октомври ќе засдат дрвца“, информираат од ЏФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON