Џозеф Паркер не знаеше речиси ништо за својот противник Шундел Винтерс, но за време на нивната борба, сфати дека има тежок противник. Винтерс прими доста тешки удари од поранешниот шампион на ВБО, ама и врати неколку, пред да го нокаутира Новозеландецот во петата рунда.
Паркер два пати го испрати Винтерс во нокдаун – еднаш во третата, потоа и во петата, пред судијата да ја запре средбата, која беше закажана во 10 рунди. Паркер ја искористи силната десница да го испрати Винтерс на подот, за кого тоа беше втор пораз со нокаут.