Сите шест мечеви на светски боксерски шампион Ентони Џошу, кои се емитуваа во САД, беа прикажани на угледниот Шоутајм. Почнувајќи уште од мечот против Чарлс Мартин во 2016 година, кога и ја освои круната на ИБФ.
Но, следниот дуел, оној против Александар Поветкин, нема да се емитува на Шоутајм, туку на ноиот стриминг сервис ДАЗН/DAZN. Британецот одлучи да го раскине договорот со Шоутајм и тргнее во нов договор со платформа која ќе дебитира дури на 10 септември во САД, само 12 дена пред почетокот на средбата против Џошуа – Поветкин.
Секако, договорот е дело на менаџеротна Џошуа, еди Херн (Мечрум спорт) кој успеа да договори дури осум години соработка со ДАЗН. Детали не се познати, но бидете сигурни дека договорот е профитабилен и со висок квалитет.
Поради одличните односи на двете страни, како и фактот дека Шоутјамго следеше олимписки шампион речиси од почетокот на кариерата, многумина очекуваа дека соработката ќе продолжи. Џошуа не размислува така …
Во разговор со ЦБС спорт, светскиот шампион објасни како стојат работите:
„Работата не познава лојалност, работа е да се направат вистинските одлуки во вистинско време“.
„Сите работиме заедно. Тука се ХБО, ДАЗН, Скај, сите тие телевизии и платформи. Затоа не планирам да останам некаде само поради лојалноста. Секогаш мора да гледаш што е најдобро за тебе и да правиш токму такви потези“, додаде Британцот.
Џошуа накратко прокоментира и новата платформа на која ќе се емитуваат и настаните на Белатор во иднина.
„Јас токму тоа го правам, правејќи ги најдобрите потези и одлуки за мојата кариера. ДАЗН е одлична платформа и мило ми што ќе бидам на неа. Но и Шоутјам е одличен и ХБО и Скај спорт. Сите се неверојатни. Можеби еден ден ќе боксирам на ХБО, бидејќи досега не ја имав таа шанса. Тука нема љубов. Нема лојалност, тука се е во изборите кои ги правите и кои мора да бидат вистински за мојата кариера. Бидејќи таа нема да трае вечно“, заклучи светскиот шампион во бокс.