Продолжуваат вербалните пресметки меѓу светскиот шампион во супер тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури, и кандидатот за титулата на ИБФ, Енони Џошуа.
Џошуа, кој е олимписки шампион од Лондон 2012, смета дека причина за подбивањето со него од страна на неговиот сонародник се должи на тоа што Фјури му завидува за мускулатурата.
„Тој само ме мрази поради атлетско тело – тоа е тоа. Ако тој сака, можам да му дадам неколку совети, да му покажам како правилно да тренира. Гледам да не обрнувам внимание на целиот овој негативизам, на целата оваа завист. Едноставно, се фокусирам на мојата работа“, изјави Ентони Џошуа.
„Да завидувам на некој тежок атлета за хартиена титула? Леле, помогнете ми! Кралот не завидува на простотдушноста, а нели се сеќаваш кој е кралот“?, се обрати на Џошуа Фјури на „Твитер“.