Ентони Џошуа од Англија го патосираше поранешниот кандидат за светската титула во тешка категорија Кевин Џонсон (САД).
Средбата се одржа на големата галавечер во Лондон. Англичанецот од Ватфорд при крајот на првата рунда го разниша 35 -годишниот ветеран и го доврши со брутална серија во втората рунда.
Досега, Џонсон никогаш не беше нокаутиран и издржа по 12 рунди против ѕвездите како Виталиј Кличко и Тајсон Фјури.
Олимпискиот шампион од Лондон во супертешка категорија веќе има 13 победи од 13 натпревари . Сите се со нокаут до третата рунда.
https://youtu.be/eMSjA2oWT2Q