Џошуа се закани дека ќе го згази Паркер во осмата или деветата рунда

Ентони Џошуа има план како да го победи Џозеф Паркер. Тие ќе се борат пред 80.000 обожаватели во сабота. Нивниот меч ќе биде за три од светските титули во тешка категорија.

„Ќе биде тешко меѓу 5 и 8 рунда, но ако се оди според планот, Паркер ќе заврши во осмата или деветата. Разликата меѓу нас е во тоа што можам да контрирам, а тој не. Јас секогаш ќе го казнам кога упати удари или не кон мене“.

Се чини дека тренерот на Џошуа, Роб МекКекер, не е особено загрижен за средбата со Паркер. Тој не смета дека ова ќе биде најсериозен тест за Британецот во кариерата.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON