Џошуа се сликаше со Роналдо (ФОТО)

Светскиот шампион во бокс на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Ентони Џошуа се сретна со напаѓачот на Јувентус и петкратен освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо.

Англичанецот објави фотографија на својот профил на Инстаграм, на која двајцата се прегрнати. Под неа до своите иницијали Џошуа ставил насмеано лице и горило, додека до иницијалите на Роналдо е стои смајли коза (на англиски GOAT – што е акроним за најдобар на сите времиња).

https://www.instagram.com/p/BsNO4n4Azmv/?utm_source=ig_embed

На Роналдо не му е прв пат да се среќава со светски познати борци, па така пред некое време се виде и со шампионите на УФЦ Конор Мек Грегор, Хабиб Нурмагомедов и Каин Веласкез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО