Неколку дена по победата над Владимир Кличко на Вембли, Ентони Џошуа откри која е неговата голема цел – да доминира во тешка категорија и да ја задржи титулата најмалку 10 години. Како што го направи Кличко.
„Можам да го направам она што го направи Кличко – да бидам шампион барем 10 години. Токму поради тоа реков дека тоа не е одлучувачки меч за мене, туку е само една станица од моето патување“, посочи ЕЏ.
Џошуа призна дека во одреден момент од средбата му рекол на Влад дека битката дури сега започнува.
„Да, беше втората половина на дуелот. Му реков дека почнувам и веќе е време навистина да се бориме“.
„Јас и Владимир не си разменуваме навреди. Главно се грижиме дали мечот ќе ги оправда очекувањата. Не сум чувствував притисок. Веројатно, има некој со кого повторно можам да танцувам и да направам уште поголем меч“.