Џошуа – Пулев на 20 јуни на стадионот на Тотенхем, можниот термин за трилогијата Фјури – Вајлдер е во јули

Ентони Џошуа на 20 јуни на стадионот на Тотенхем ќе ги брани титулите во тешка категорија против бугарскиот боксер Кубрат Пулев. 

Актуелниот поседувач на титулите ИБФ, ВБА и ВБО во тешка категорија, Ентони Џошуа ја закажа следната битка. Таа ќе се одржи на 20 јуни во Лондон на стадионот на фудбалскиот клуб Тотенхем, предизвикувач ќе му биде бугарскиот боксер Кубрат Пулев. Престојното лето ќе се оджи и третиот меч меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер, предлог датумот е 18 јули, а борбата ќе биде во Лас Вегас. Фановите ширум светот оваа година посакуваат да ја видат и британската пресметка меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, но за тоа да се случи се претпоставува дека двајцата прво треба да ги добијат своите битки со Вајлдер односно Пулев.

https://twitter.com/AllOfTheBelts/status/1233524358460694529?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1233524358460694529&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D830699
https://www.instagram.com/p/B9OjiahlNL5/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON