Ѕвездата во тешка категорија Ентони Џошуа повторно е сериозно повреден од неговиот спаринг партнер во подготовките за дуелот со Енди Руиз Jуниор.
Ова го јави веб-сајтот World boxing news, од каде и што тргна веста за претходниот случај, кога Џои Давејко го испратил шампионот во нокадаун на тренинг кампот за првата борба со Мексиканецот.
Албан Первизај, Том Литл, Дерек Чисора, Ендру Табити и Тимоти Мотен беа спаринг партнери на Џошуа во подготовките за големиот реванш во Саудиска Арабија на 8 декември.
Ова е прва информација за такви проблеми на Џошуа во спаринзите пред вториот дуел со Руиз, бидејќи досега навивачите само слушаа дека тој доминирал во целост на рингот против неговите колеги.