Џошуа потврди дека е заинтересиран за ММА: Ќе го направам она што ми го кажува срцето!(ВИДЕО)

Светскиот боксерски шампион Ентони Џошуа оваа недела се појави во популарното ТВ шоу на „Конан О’Брајан“ во кое повторно зборуваше за можноста боксерскиот ринг да го замени со ММА кафезот.

Потсетуваме како британската спортска суперѕвезда во минатото неколку пати јавно кокетираше со преодот во слободната борба. Размени неколку Твитер објави и со шампионот на УФЦ, Стипе Миочиќ, кој, исто така, изрази интерес за таков „проект“. Сега Џошуа го потврди своето интересирање еден ден да направи ММА борба.

„Овде не се работи само за пари. Ако луѓето навистина го сакаат и јас би почувствувал во моето срце дека тоа е правилна одлука, зошто да не го направам тоа? Па тоа е само уште една борба“, реагира светски боксерски шампион.

Свесен дека пред да влезе во ММА борилиште мора да научи уште многу работи…

„Пред мечот морам да тренирам, тоа не би го сториле само за некој дебел хонорар. Знаете, тоа е сериозен боречки спорт, не е шега. Тука се потресите на мозокот, скршени ребра и така натаму … Значи, тоа мора да го сфатам многу сериозно. Зошто да заработуваш пари, ако може да го направиш тоа и притоа да уживаш?! Затоа мора се да сфатиш сериозно, а не да размислуваш само за пари. Сериозна би размислил за премин во ММА, ако моето срце ми каже дека тоа е исправна одлука за мене“, вели Џошуа.

Вусшност „crossover“ мечевите меѓу боксот и слободните борби нешто што аналитичарите проценуваат дека ќе биде многу честа појава во иднината на боречкиот спорт. Дана Вајт и Зуфф веќе тргнаа во боксерската авантура и да се обидуваат да потпишат договор токму со Џошуа. Наводно, на маса е сумата од неверојатни 500 милиони долари.

Неодамна славниот Оскар де ла Хоја, сопственик професионалната боксерска промо куќа Голден бој промоции, тргна во проект на голем меч меѓу Чак Лидел и Тито Ортиз. Исто така изрази интерес во иднина редовно да промовира мечеви и настани на слободни борби.

И за ваквиот развој на настаните, секако, се заслужни Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор. Токму овие двајца боречки генијалци заедно одработија боксерски меч во август 2017 година и истрасираа пат на сите оние кои во иднина сакаат да се одважат на такво нешто. Мечот беше комерцијален, а делумно и спортски успех, па нема причина слични проекти да не гледаме и понатаму ….

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON