Светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа нема намера да се испроба во меч по правилата на ММА.
„Го почитувам она што го прават борците на ММА“, рече британската суперѕвезда и додаде: „Додека да го совладам боксот, ќе бидам престар за да одам во ММА“.
Во моментов се водат преговори помеѓу екипата на Џошуа и на Кубрат Пулев за меч меѓу нив. Средбата се очекува да се одржи во мај.