Ентони Џошуа гостуваше во Грахам Нортон шоуто.
ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО шампионот во тешка категорија уште еднаш изрази желба за борба со Дионтеј Вајлдер за обединување на титулите. Рече дека тренира иако не знае кој ќе му биде следниот противник, а зборуваше за големиот интерес за борбата со Тајсон Фјури.
„Тоа би било огромно. Би го сакал тоа“.
„Мислам дека Фјури го победи Валјдер. Би било неверојатно да има двајца британски тешкаши кои се борат за појасите“.
„Во очите на многу луѓе Фјури е шампион”. Ние тројцата сме најдобри и би сакал да се борам со нив. Иако тој нема појас, тоа и понатаму е борба со еден од тројцата најдобри“.
Џошуа верува дека Вајлдер го потценил Фјури кој се врати по двегодишна пауза.
„Три години е многу долга пауза и мислам дека тој мислеше оти Фјури е добро име, а лесна борба. Мислеше дека се бори со него додека е ладен. Тајсон Фјури е многу талентиран, многу вешт и му го покажа тоа на светот кога боксираше со него“.
.