Џошуа: Мечот со Кличко или Пулев ќе биде во ноември

Светскиот шампион на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и Светската боксерска асоцијација (ВБА) Ентони Џошуа објави дека најреално е да се очекува следниот негов мечр да биде во средината на ноември и затоа ќе започне со тренинг камп во август. Англичанецот призна дека не знае кој ќе му е противникот – Владимир Кличко или Кубрат Пулев, но тоа нема да му пречи на подготовките.

„Следниот мој меч ќе е со Кличко или со Пулев и би рекол дека ќе се одржи кон крајот на октомври, во средината на ноември или најдоцна во декември. Мислам дека најсоодветно и најреална е да зборуваме за средината на ноември, што значи дека ќе почнам со тренинг кампот во август, за да имам три месеци подготовки пред средбата. Чудно е што се подготвувам за средба, а не знам кој ќе ми биде противникот, но постојат начини да тренираш поопшто. На пример, најважно ќе биде да ги вратам ритамот и брзината, бидејќи тие се губат, реакциите стануваат побавни и можам да се подготвувам во таа насока. Обрнувам внимание на основните работи во тренинзите и ќе се обидам потоа да исчистам некои ситни детали“, објасни Џошуа за Скај.

Поверојатно е во моментот Кличко и Џошуа да го направат долго очекуваниот реванш, а потоа победникот ќе направи задолжителна одбрана на појасот на ИБФ против Кубрат Пулев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО