Џошуа: Луѓето сакаат да видат крвопролевање така што јас и Руиз дефинитивно ќе се видиме и трет пат

Ентони Џошуа е уверен дека без оглед на исходот од саботниот реванш со Енди Руиз дека со него ќе се бори уште еднаш.

Не постои клаузула во договорите со кои се гарантира трета борба, ниту, пак, во случај на нов пораз на Џошуа ќе гарантира нов меч, затоа што во тој случај сите титули во тешка категорија ќе бидат кај боксерот на Ал Хејмон, со кого соработува и Дионтеј Вајлдер.

„Тој ми беше на памет пет недели пред 1 јуни, бидејќи во тоа време го замени Џарел Милер. И ќе ми остане засекогаш во главата, затоа што јас и сите овие момци ќе се бориме меѓусебе во секој случај, јас и Енди Руиз, ако и остане посветен на борбите, дефинитивно ќе се видиме по трет пат. Ова нема да биде последен пат кога да го видам Енди Руиз“, рече Џошуа по отворената тренинг сесија во Диријах.

„Мислам дека ќе има друга борба затоа што ние сме комбинација за добра борба. Мислам дека дефинитивно ќе видите нокаут во оваа борба. И мислам дека тоа е она што луѓето сакаат да го видат. Крварење и нокаут. Затоа, мислам дека дефинитивно ќе се видиме по трет пат “.

Победникот во реваншот пред себе ќе има две задолжителни одбрани на титулата – против предизвикувачот на ИБФ, Кубрат Пулев и предизвикувачот на федерацијата ВБО, Александр Усик. Џошуа или Руиз на крајот може да ослободат една или две титули ако решат да се борат со некој друг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON