Џошуа: Ќе го себам Вајлдер и тоа гадно

Во тек се преговори за борбата меѓу Ентони Џошу и Дионтеј Вајлдер.

Тимот на Американецот пред неколку недели му испрати понуда на шампионот на ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО во тешка категорија во износ од 50 милиони долари.

28-годишниот Британец со едногласна одлука на судиите против Џозеф Паркер во март го освои појасот на ВБО, неговата четврта светска титула во тешка категорија и трет од голема боксерска федерација. Единствениот преостанат појас, на ВБЦ, е во рацете на 32-годишниот Вајлдер.

„За среќа, имаме доволно време да ја договориме оваа борба и работиме на тоа. И испративме уште еден нацрт преку е-пошта. Моментално поминуваме прку техничките работи“, изјави Џошуа за „Сан“.

Британската ѕвезда против американскиот нокаутер планира да се бори агресивно од самиот почеток.

„Немам што да изгубам. Ќе истурам пекол на него. Ќе го себам и тоа гадно. Веќе сте виделе дека можам да одам во пеколот и назад и да уживам во тоа“.

„Двајцата сме големи удирачи и сигурно ќе фрлам многу комбинации. Мислам дека тој ќе се обиде да ги бира ударите. Јас само ќе одам напред и ќе упатувавам многу комбинации. Ќе се обидам да го фатам рано и да го повредам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО