Ентони Џошуа е убеден дека ќе го победи Владимир Кличко ќе си обезбеди статус на легенда. Британецот ќе се сретне со ветеранот на 29 април на стадионот „Вембли“ во Лондон.
„Веќе нема да бидам шампион, туку легенда. Средбата ќе привлече огромен интерес. Може да го промени односот на навивачите кон мене. Во моментов сум шампион на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ). Нужно е да ги победувам правилните ривали, за да влезам во историјата. Нема да го направи тоа само еднаш, туку неколку пати. Ова е почеток на една легендарна кампања“.