Ентони Џошуа и Владимир Кличко го промовира нивниот меч во Њујорк, акој ќе се одржи на 29 април на “Вембли” на 29 април.
Џошуа ќе ја брани светската титула во верзија ИБФ во тешка категорија, додека Кличко ќе се обиде да се врати на светскиот трон, по губењето на титулите од Тајсон Фјури.
„Знам дека ми претстои средба со најдобрата верзија на Владимир. Мислам дека времето за тоа е правилно. За некои луѓе можеби изгледа прерано. Ова е мојот повоторен „натпревар за златен медал“, изјави Џошуа и додаде:
„Има причина што сум тука. Ќе ја завршам работата онака како што секогаш сум го правел тоа. Целта е иста – да бидам победник во мечот“.
Владимир Кличко од своја страна призна дека да се победи пред 90.000 фанови на „Вембли“ ќе биде нешто сосема ново за него.
„Добар ден, Њујорк. Јас се уште сум тука“, го започна обраѓањето Кличко и продолжи:„ Овој меч претставува најголемата сцена на која некогаш сум боксирал. Мислам дека ова е совршено време и за двајцата. По три години тој ќе биде премногу добар, а јас – премногу стар. Тоа е карактерен дуел за боксот. Опседнат сум од мојата цел да станам светски шампион по трет пат“.