Александар Усик (15-0, 11 КО) во Манчестер следниот викенд ја брани титулата на неоспорен шампион во тешка категорија.
31-годишниот Украинец ја брани титулата против поранешниот шампион на ВБЦ во лесно-тешка категорија, 35-годишниот Британец Тони Белју (30-2-1, 20 КО).
Усик се надева дека со победа ќе ја отвори вратата за борба со Ентони Џошуа. Сите тројца имаат заеднички промотор, Еди Херн.
Следната борба на Џошуа е закажана за 13 април, но нема противник.
ЕЏ го советуваше својот сонародник како да го победи Усик.
„Навивам за Белју и сакам да победам. Стаотно со сум со него без обѕир на се. Усик е совршен боксер, така што се надевам дека Белју работи на контрите, бидејќи тоа е начин да го нокаутира. Пушти го нека „чепка“ по гардот, фати го неговиот ритам и експлодира“.
„Ќе бидам искрен, Усик е фаворит. Тој е шампион, успеа во лесно-тешка категорија и е неоспорен првак. Но Белју го има тоа во себе. Јас го ценам Белју. Ги ценам сите британски боксери, сите се одважива на предизвиците“.
.