Џошуа: Го сакав Дионтеј Вајлдер, но не дојде, ќе му се ревнширам на Руиз

По се што се случуваше на мечот Џошуа – Руиз, во кој како побендик излезе Анди Руиз, со што ги освои појасите на ВБА, ИБО, ИБФ и ВБО. На Британецот добро му одеше до третата рунда, но се случи пресвртот и во седмата рунда судијата го прекина мечот и го прогласи Руиз за победник со технички нокаут.

„Да, тоа сум јас и таков е огнот во мене. Но, не потонувајте во тага. Ова е бокс. Покажав дека имам сила и моќ, ќе се вратам“, порача Џошуа.

„Едноставно, ова не беше моја ноќ. Ова беше ноќ на Енди Руиз. На крајот, ова е добро за ТВ, за ДАЗН и за луѓето кои гледаа. Јас сакав да се борам, тоа е нормална реакција. Мене ми е работата да се борам, на судијата да суди, не се мешам во тоа. Судијата го прекина мечот бидејќи мислеше дека не можам да продолжам. Штета за тоа, но јас нема да очајувам“, мирно констатираше британскиот боксер и сега веќе поранешен првак.

Многумина се прашуваат дали Џошуа го потценил Руиз и што всушност се случи.

„Да барам сега изговори, би рекол дека секако го потценив. Но, нема изговори, ова е сѐ моја грешка. Бев погоден со одлични удари и го изгубив мечот“, рече тој, па најави реванш.

„Го сакав Дионтеј Вајлдер, но не дојде тој, туку Енди Руиз. Во врска со клаузулите за реванш, се разбира дека ќе ги активирам, во тоа сум 100 отсто сигурен“, заврши Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON