Пред мечот со задолжителното предизвикувач Јоџеф Паркер, шампионот на ИБФ во тешка категорија Ентони Џошуа ќе одработи уште една борба.
Шефот на Мечрум спорт, Бери Херн, планира во втората одбраната на титулата на својот боксер да му го спротивстави поранешниот шампион во ВБЦ, Бирмејн Стиворн (02/01/25, 21 КО). Канадско- хаитскиот боксер е единствениот што ги одработи сите 12 рунди со Динотеј Вајлдер.
Паркер, пак, има закажано борба на 21 овој месец против Соломон Хомон, а потоа планира да се бори и во септември. Херн сака Џошуа да одработи уште една доброволна одбрана пред средбата со задолжителниот предизвикувач во почетокот на 2017 година.
Џошуа е многу заинтересиран за мечот за да понуди одговори на прашањата дали може да издржи 12 рунди и да ја задржи снагата. Стиворн е многу издржлив и може да даде одговор на тоа прашање.
„Јозеф Паркер е многу вешт и ќе дојде непоразен. Стиворн исто така е вешт и веќе беше на врвот и има пораз од актуелниот шампион во кој покажа дека е издржлив. Луѓето сакаат да видат како ги одработувам сите 12 рунди, да видат дали можам да издржам, а тој го задоволува тој критериум“, рече Џошуа за Скај спорт.