Џошуа: Би ги разнел тие УФЦ борци, не може така да разговараат со мене!

Светскиот шампион во бокс Ентони Џошуа е без сомнение најпосакуваниот противник во боречките спортови, а листата на луѓе кои го предизвикуваат за меч расте со секој изминат ден.

Прво почна Стипе Миочиќ, а потоа Алистер Овереем почна да се споменува.

27-годишниот Англичанец е заинтересиран за идејата за ММА борба, иако порано отворено рече дека тој е во подредена позиција во овој поглед, бидејќи нема години на располагање потребни за усовршување на вештините на партер.

„Но и понатаму би ги разнел тие УФЦ борци да сакам. Не може така да разговаатм со мене. Би ги наплескал“, изјави за Дејли стар – онлаин.

Минатата година Џошуа за време на подоготовките во Рио де Жанеиро помина време со поранешниот шампион на УФЦ Жуниор дош Сантос. ВБА, ИБФ и ИБО шампионот тврди дека би бил подобар и од Бразилецот, ако и тој го предизвика.

„Јас сум борец и не ги предизвикувам луѓето невнимателно. Јас не сум борец на УФЦ. Не можам да ве ставам во сабмишн, но знам да удирам со нозете. Знам да ги користам лактите и умеам да ги удирам луѓето. Но сигурно би се степал“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО