Џош Ворингтон ја одбрани титулата со нокаут (ВИДЕО)

Џош Ворингтон немаше проблеми со третата одбрана на светската титула во перо категорија. Британецот го нокаутира уште во втората рунда францускиот ривал Софијан Такуч.

Уште на стартот на мечот, во преполната домашна сала во Лидс, шампионот покажа одлична комбинација од 4 удари, со кои го нокаутира неподготвениот предизвикувач.

Моќното навивање на „белите“ беше се погласно и погласно на секој точен погодок, а од првите секунди стана јасно дека мечот нема долго да трае. Многу комотно отиде Ворингтон на пауза да ги слушне упатствата од тренерот.

Ништо не се смени во вторите три минути. Лево директ и силен десен во телото – Англичанецот не престана да го притиска противникот. Го испрати на подот со десно кроше, но Такуч се испарви брзо. Следната комбинација беше кобна – нокаут на неколку секунди пред крајот на втората рунда.

Ворингтон се надеваше на обединувачки меч со една од другите sвезди во категоријата, а тоа најверојатно ќе се случи во 2020 година. Голем проблем е што битката 90 отсто е сигурно дека ќе се одржи во Америка, далеку од домашната публика во Лидс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО