Џонс го прескокна препорачаното тестирање

Џон Џонс ќе биде тестирани од страна на Антидопинг агенцијата за реваншот со Александар Густафсон.

Поранешниот првак во полутешка категорија на 29 декември по втор пат се бори со Швеѓанецот во меч за испразнетата титула.

Спортската комисија на Калифорнија (CSAC) која му издаде привремена лиценца за борбата му препорача да се направи дополнителен тест кај Доброволната анти-допинг асоцијација (ВАДА), со цел да се отстранат сите сомнежи.

„Би сакала да ги отстранам сите сомнежи еднаш за секогаш. Направете го тоа за да ви веруваат луѓето дека сте талентиран и дека сте најголем и дека може во борба да победите чист и дека тоа е вистинскиот Џон Џонс. Направете го тоа за да ги отстраните сите сомнежи еднаш и за секогаш“, изјави членката на комисијата Марта Шен-Уркидез на сослушувањето минатата недела во Сакраменто.

Комисијата има практично се согласи да го плати трошокот за тестирањето, наведувајќи дека ќе ја одземе сметката од ВАДА за тестот од казната на Џонс од 205 илјади долари за позитивниот допинг тест на УФЦ 214.

Извршниот директор на CSAC, Енди Фостер, извести дека Џонс одлучил да не се подложи на дополнителнителното тестирање.

Адвокатот на Џонс Хауард Џејкобс во понеделникот рече дека постојат некои прашања во врска со тестирањето на ВАДА. ВАДА би требало да го тестира борецот само на недозволени средства, а не на рекреативни дроги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО