Џон Џонс: Не сме пријатели со Дана Вајт

Поранешниот шампион на УФЦ, Џон Џонс, изјави за новинарите дека не е пријател со шефот на најголемата ММА компанија, Дана Вајт, кој призна дека една година не разговарал со американскиот борец.

„Дана Вајт,  барем четири пати, се обиде да стапи во контакт со мене, но јас не одговарав на неговите повици и пораки. Затоа не зборував со него. Тој го покажа своето вистинско лице. Не гледам причина да се правам негов пријател“, истакна Џон Џонс.

За време на медиумски настани поврзани со вториот меч меѓу Даниел Кормиер и Џон Џонс оваа сабота, скандалозниот борец на неколку пати одби да одговара на новинарски прашања.

https://youtu.be/nlmoTzBhqFU

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО