Во Филаделфија, ќе биде откриен споменик на еден од најдобрите боксери на сите времиња “Smokin“ Џо Фрејзер (32-4-1, 27 КО).
Фрејзер еден од најголемите спортисти што ги имала Филаделфија, а преку три ипол метри високата статуа ќе биде промовирана на 12-ти септември на јавна церемонија.
Фрејзер е олимписки шампион од Токио во 1964 година, а тој беше неприкосновен шампион на светот во тешка категорија. Со Кен Нортон е единствениот боксер кој го победил Мухамед Али, додека тој беше на врвот.
Статуата е изработена од уметникот Стефан Лејн гоприкажува Фрејзер како задава удар со кој го собори Али во 15-тата рунда во нивната борба во март 1971 година. Боксерот од Филаделфија му го нанесе првиот пораз на Али неговата кариера.
Фрејзер е роден на 12 јануари 1944 година, а почина на 7 ноември 2011 година. Последната борба ја имаше во декември во 1981 година.
Статуата Фрејзер ќе биде шеста која ги прикажува славните спортски моменти на Филаделфија. Пред него оваа чест и беше укажана хокејарите Флаери Гери Дорнхоеферу, Боби Кларк, Берни Парент и Фред Шеру, тренерот со кој два пати го освоија Купот Стенли, пејачот Кејт Смит, чија верзија на Бог да ја благослови Америка ги отвораше натпреварите на Флаерси и легенди 76-ките „Д-р Ј-у Џулиус Ирвинг.