Џудо клбот Работнички е најдобар на Меѓународниот турнир „Прилеп – град херој 2016“со освоени 3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали.
Пулените на тренерот Ердал Факиќ и помошниците Џемаил Идризи и Авни Дардишта досега го постигнаа најголемиот успех на домашната сцена.
Златни медали освоија Един Дураковиќ до 100 килограми, Мердан Арифи (-90 кг) и
Ридван Илазовски (-81 кг).
Сребрените медали се за: Едвин Бихорац (81 кг) и Азем Ајдини (-60 кг).
Бронзи: Суад Ебиби (-73 кг)3 и Емир Амзовски (-60 кг).
Ipon.mk/В.Д.