ЏК Преспа жнееше медали во Прилеп (ФОТО)

Џудо клубот Преспа од Ресен денеска на Меѓународниот турнир „Прилеп – град херој“ освои 10 медали – 3 златни, 3 сребрени и 4 бронзени.

Медалите за Преспа ги освоија во детска категорија:

Сара Христовска до 23кг-бронза

Ана Стојчевска до 28 килограми злато

Горјан Лабачевски до 28 килограми бронза

Борјан Лабачевски до 28 килограми бронза

Георгина Стефановска до 43 килограми сребро;

Пионерска

Ангела Боровичанин до 36 килограми – злато

Стефан Тосковски до 46 килограми – злато

Емили Поповска до 48кг – сребро

Лилјана Недановска до 57 килограми – сребро

Кадетска

Ангела Боровичанин до 40 килограми – злато

ЏК Преспа и се заблагодарува на Општина Ресен што овозоможи превоз за поголем број на натгпреварувачи.

„Џудистите на Преспа покажаа добри борби и се надеваме дека постигнат уште подобри успеси во иднина“, велат од клубот.

Деветиот Меѓународен турнир „Прилеп град херој – 2017“ беше во организација на ЏК „Сеишин“ и е наменет за пионери-ки и кадети-ки, а се оддржа по повод државниот празник „11 Октомври“. На турнирот учество земаа околу 250 џудисти од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

„Џудото потекнува од Јапонија стотици години наназад, а јас денеска сум многу среќна што сум тука и што гледам толку многу среќни лица“, посочи Кеико Ханеда амбасадорката на Јапонија во РМ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON