Македонските репрезентативци во џиу џицу освоија повеќе медали на меѓународниот турнир „Темерин Опен 2014“ во Нови Сад, Србија, известуваат од Македонската џиу џица федерација.
Нашите натпреварувачи имале комплетна доминација кај сениорите во категоријата до 77 килограми и до 60 килограми во кадетска конкуренција.
Кирил Иванов во категоријата до 77 килограми го освои првото место, додека третото место го освои Виктор Велинов. Иванов беше прогласен и за најдобар борец на турнирот.
И кадетот Иван Трпковски (-60 кг) освои златен медал. Тој имаше многу добра борба. Прво со фул ипон за 42 секунди го победи противникиот Словенија, кој пред некое време настапи и на Европско првенство, а потоа со убедлива победа од 9:1 го победи и натпреварувачот од „Блек Белт“ од Хрватска.
Александар Антониевски беше втор, а Никола Бошковски трет.
„На овој многу квалитетен турнир, со преку 200 борци, ова е еден од најуспешните настапи за нашата репрезентација од нејзиното основање“, се вели во известувањето од Македонската џиу џицу федерација.