Новозеландскиот борец во џиу џицу, Џејсон Ли, бил киднапиран и ограбен во Рио де Жанеиро, каде што за 10 дена почнуваат Летните олимписки игри.
Непознати вооружени лица облечени како полицајци, го нападнале Ли и го принудиле да повлече пари од два банкомати, бидејќи немал достапни средства во себе.
Новозеланѓанецот се разделил со околу 20 илјади реали (615 долари), по што бил пуштен од крадците. Му се заканиле да не го пријавува инцидентот, за да не настрада, но подоцна Ли поднел пријава во полицијата.