Како што рекоа така и сторија-освоија медали нашите репрезентативци во џиу џицу на Меѓународниот турнир „Алексинац опен 2014“ во Алексинац, Србија.
Никола Бошковски го освои првото место во категоријата до 60 килограми за кадети. Прво го победил претставникот на НиФ Алексинац, а потоа и бугарскиот од Фул ипон.
Во сениорска конкуренција, Кирил Иванов, го освои сребрениот медал во категоријата до 77 килограми, откако оставри две победи во финалето беше поразен. Исто така во сениорска конкуренција, Александар Антониевски (-69 кг) беше трет. И јуниорот Алексанадар Трајковски (-62 кг) освои бронзен медал.
Најмалдиот член на нашата експедиција Станислав Грпков (деца -30 кг) мораше да се задоволи со третото место, а најтрофејниот македонски претставник, Иван Трповски (-62 кг), во кадетска конкуренција, од оправдани причини го откажал учеството во последен момент
ipon.mk/В.Д.