Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) ги демантира наводите на поранешниот член на Управниот одбор на Федарцијата Димче Шипинкаровски објавени во Ipon.mk на 30 август 2018 година во текстот „Димче Шипинкаровски го прозива претседателот на ЏфМ за неуспешната работа“.
Ви го пренесуваме во целост демнатот на ЏФМ.
„Во врска со горенаведениот насловен текст објавен на порталот IPON.mk за кој што Џудо Федерацијата на Република Македонија (во понатамошниот текст ЏФМ ) стекна сознание на ден 01.09.2018 година а врз основа на член 14 став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета го даваме следниов демант.
Паушално и крајно субјективно се изнесени наводите на г-дин Шипинкаровски затоа дека се потрошени средствата што се затекнати на жиро сметка на ден 05.05.2018 година како ден на преземање на раководењето на ЏФМ од новото раководство и тоа во износ од над 1.500.000,оо денари и 8.000 УСД. Со ваквите наводи се изнесени невистинити факти со цел да се наруши угледот и честа на раководството на ЏФМ од причина што за овие пронесени наводи г-динот Шипинкаровски не навел никакви докази, туку само паушално ги изнел.
Дека се невистинити наводите дека на денот на преземањето на раководењето на ЏФМ од страна на новото раководство се располагало со износ од над 1.500.000,оо денари и девизни средства во износ од 8.000 УСД произлегува токму од фактот што самиот Шипинкаровски до ден 05.05.2018 година беше член на Извршниот одбор на ЏФМ, па знаел, односно со сигурност требало да знае со колку парични средства располагала ЏФМ на жиро сметката и за кои намени се искористени средствата за кои сега прашува и обвинува дека се ненаменски потрошени.
Отворено прашуваме за кои износи од над 1.500.000,оо денари и за кои 8.000 УСД пишува Димче Шипинкаровски а порталот IPON.mk јавно објавува без да поседува било какви докази и без истите да бидат проверени.
Поради сето погоре наведено бараме г-динот Димче Шипинкаровски јавно да се извини и да го повлече текстот насловен како ,, Отвореното писмо до Претседателот на ЏФМ – Каде и во кој правец ја водите ЏФМ“ а порталот IPON.mk да го објави даденото извинување и повлекување на текстот во кој се изнесени невистини штетни за честа и угледот на раководството на ЏФМ затоа што тврдењата се пренесени од порталот пред истите да бидат проверени“.
Ipon.mk