Џеф Монсон западна во инцидент на протест против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Легендарниот „Снешко“ е познат анархист и беше еден од 2.000 луѓе кој беше на протестниот марш во Палм Бич, Флорида. Демонстрантите маршираа од Трамп плаза до неговото одморалиште, каде што беа запрени од полицијата. Меѓународниот Црвен крст таму организираше собирање на донации, а се очекуваше и Трамп.
Иако на снимката не може точно да се види, Монсон заработил исеченица над окото, веројатно откако го погодил со знамето поддржувач на Трамп.
По првичната реакција, ММА борец се одалечил.
https://youtu.be/EGGQj-p0rtQ
Неодамна и Џејк Шилдс се најаде на протестите во Беркли и спречи напад на приврзаник на Трамп.