Џарел Милер славеше со прекин против Мариуш Вах (ВИДЕО)

Џарел Милер (20-0-1, 18 КО) ја постигна најголема победа во кариерата.

Бруклинскиот тешкаш со прекин во 9-тата рунда во Јуниондејл го порази издржливиот и постојано незгодниот Мариуш Вах (33-3, 17 КО). Лекарот му сугерираше на судијата да ја прекине борбата, а Полјакот се пожали на повреда на десната рака.

Промоторот на Ентони Џошуа, Еди Херн, кој ја организираше и оваа приредба пред мечот изјави дека „Биг Бејби“ со оваа победа може да си обезбеди меч со ВБА, ИБО и ИБФ шампионот. Дали направи доволно за борбата со AЏ, ќе дознаеме наскоро.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО