Џарел Милер го нокаутира Вашингтон (ВИДЕО)

Џарел Милер (19-0-1, 16 КО) со трехнички нокаут во Њујорк го победи поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија Џералд Вашингтон (18-2-1, 12 КО).

Големото бебе и со 135 килограми изгледаше дека е во подобра форма од 35-годишниот сонародник во неговата прва борба по поразот со технички нокаут во петтата рунда за ВБЦ појасот со Дионтеј Вајлдер во февруари.

Вашингтон можеби беше подобар само во првиот дел на битката, а останатите рунди до прекинот на судијата по осмата рунда му припаднаа на Милер.

Борбата се одржа во воведниот дел на настанот Бронер – Гарсија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО