Девин Хејни сака реванш против Рајан Гарсија: Да им дадеме на навивачите фер меч

Американскиот професионален боксер Девин Хејни неодамна го претрпе првиот пораз во кариерата.

Поранешниот апсолутен шампион во лесна категорија и актуелен светски шампион на ВБЦ во суперлесна категорија загуби од Рајан Гарсија на настанот во Бруклин.

Хејни беше фаворит на тој меч најмногу поради здравствената состојба на Гарсија, која не го крие проблемот со алкохолот.

Рајан потфрли и на мерењето, бидејќи тежеше повеќе од договорената тежина за борбата.

Но, Гарсија со одличен настап покажа дека и понатаму припаѓа во друштвото на најдобрите и доминираше против боксер кој многумина високо котираше на листата П4П.

Неколку дена му беа потребни на Девин да им се врати на своите фанови и да објасни што се случи на натпреварот против Рајан.

„Останав краток во тој меч, но сите многу добро знаат дека јас сум вистински конкурент и секогаш сакам да ги тестирам моите вештини против најдобрите борци во светот“.

Рајан без разлика на се победи таа вечер и тоа е во ред. Верувам дека неговата тежина одигра пресудна улога во таа победа. Би сакал да направам реванш и да им дадам фер борба на навивачите со договорената тежина.

Моментално уживам со семејството и пријателите, а патем ги надополнувам посните денови кои ги прескокнав во периодот на Рамазан. Откако ќе го завршам рамазанскиот пост, ќе ве известам што е следно“, рече Девин Хејни во објавата на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Devin Haney (@realdevinhaney)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON