Девин Хени го победи Џорџ Камбосос и ги обедини титулите

Американецот Девин Хени (28-0, 15 КО) стана апсолутен шампион во лесна категорија. Хени го победи Австралиецот Џорџ Камбосос Јуниор (20-1, 10 КО) пред повеќе од 40.000 гледачи на боксерскиот настан на стадионот Марвел во Мелбурн и ги обедини појасите.

Тој сега ги додаде појасите ВБО, ВБА и ИБФ на својата титула во ВБЦ.

Девин со одлична тактика го неутрализираше секој обид на Џорџ, а во технички одлична борба оствари убедлива победа, имаше предност кај сите судии – 116-112, 116-112, 118-110.

Камбосос сега најверојатно ќе активира клаузула во договорот и ќе бара реванш што би можел да се одржи наесен.

„Уживав во боксот овде“, изјави Девин Хени по победата и продолжи.

„Едноставно останав на планот, да погаѓам, а да не примам удар. Го правев тоа во поголемиот дел од борбата. Само малку забавив во последната рунда бидејќи знаев дека имам солидна бодовна предност. Добро и паметно боксирав“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON