Девин Хејни му порача на Васил Ломаченко: Престани да плачеш и прифати го поразот

Американскиот боксер Девин Хејни ја продолжи успешната серија во професионалната кариера. Минатиот викенд на настанот во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите го победи Украинецот Васил Ломаченко.

Се уште се влечат опашки по борбата поради судиската одлука која крена прашина во боксерскиот свет.

Имено, многумина изразија незадоволство од конечниот резултат, бидејќи сметаат дека Ломаченко во најмала рака била рамноправен противник и не заслужил да загуби.

Така тимот на Васил реши да покрене правна постапка.

Менаџерот на Ломаченко Егис Климас испрати писмо до ВБЦ, ВБА, ИБФ и ВБО, во кое ја објави жалбата и бара од организациите да го прогласат Васил за задолжителен предизвикувач. Украинецот на тој начин веднаш би добил реванш против Хејни.

Апсолутниот шампион во лесна категорија одговори со порака на Твитер во која ја откри сумата што треба да ја плати за туркањето на Васил на мерењето.

„Тој е лош губитник. Извадете го тој лош губитник од кутијата, продолжува да бара изговори. Прифати го поразот како маж и престани да плачеш. По трет пат во кариерата се беше подредено на твојата победа и не успеа! Кажете ѝ на комисијата да ми ги врати 400.000 долари што требаше да ги платам затоа што ве турнав“, напиша Девин Хејни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON