Македонија на Европското првенство во борење за сениори (12-18 февруари) во Букурешт, Романија, ќе настапи со 9 борачи – 8 во машка конкуренција слободен стил и 1 борачка.
На ЕП нашата земја ќе ја претставуваат :
61 кг Владимир Егоров
65 кг Бесир Алили
70 кг Фати Вејсели
74 кг Расул Шапиев
79 кг Дејан Митров
86 кг Ахмад Магомедов
92 кг Реџеп Хајдари
97 кг Магомедгаџи Нуров
Жени
53 кг Вероника Рјабоволова
Жените ги почнуваат борбите во среда, а мажите во петок.