Деца сираци се пуштаат во крвави ММА борби во Кина

Француската новинска агенција Франс прес објави репортажа во којa покажа како ММА клуб осиновaн од стотици деца-сираци и ги тренираат да станат ММА борци.

Во 2015-та во Кина имало 500.000 деца сираци, а само 5 проценти од нив биле посвоени и само 20 отсто одгледани со државни пари, така што ова е голем проблем во најмногубројната нација во светот. И додека учењето на вредностите на боречки вештини е супер за децата, за развивање на нивната самодоверба и дисциплина, учества на малолетници во ММА битки можеби е премногу сурово.

Во следново видео може да видите како две 11-годишни момчиња се борат по ММА правилата, со кои, очигледно, се забранети ударите со лакти, но се дурго е дозволено.

Девојка со бикини ја најавува рундата, а водителот на настанот со микрофонот најавува дека момците „се борат за својата судбина“.

Според документарниот филм, повеќето од децата во клубот се од малцинствата во Кина, вклучувајќи и Тибетанци.

https://youtu.be/QP4VDC2Pc9g

Локалниот весник „Bejing News“ го обвини клубот дека ги искористи децата.

„Дали децата се радуваат на правото на образование додека минуваат низ строгиот режим на подготовка и се борат во крвави дуели“, прашуваат од весникот.

Репортажата отвори голема дебата во Кина, при што многумина ги осудија активностите на клубот, додека други ги бранеа, сметајќи дека ако не беше оваа шанса децата најверојатно ќе беа на улиците и ќе станеа криминалци.

Во документарниот филм 14-годишниот Ксијалонг вели дека се радува само што ќе има храна на масата пред себе.

„Тука има сè – храна, облека и место каде да живееме. Храната тука е многу подобра од дома. Имаме говедско месо и јајца, а дома можам да јадам само компири“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON