Дете собори рекорд и доби „мерцедес“ од претседателот Кадиров

Рахим Куриев е петгодишно дете од Чеченија кое постигна неверојатен рекорд, успеа да направи 4.105 склекови за 146 минути, и да го собори стариот рекорд. Нормално, рекордот му го посвети на контроверзниот лидер на Чеченија, Рамзан Кадиров, кој го праша момчето што сака, а тоа му одговори: „Мерцедес“. Кадиров е познат како голем поклоник на боречките спортови. 

Како што рече така и бидна, Кадиров му поклони нов„мерцедес“, при што му нагласи дека сега татко му може да го вози секаде и без проблеми да тренира и да

„Овој автомобил ти е подарок од Ајман Кадирова (мајката на чеченскиот лидер), претседателка на добротворната фондација „Ахмат Кадиров“ (неговиот починат татко). Дозволи му на татко ти да те вози во него зашто ти заслужуваш да патуваш во бел „мерцедес“, му рече Кадиров на Рахим кога му го предаде подрокот.

Како одговор момчето му се пофали дека може да направи и 5.000 склека ако е потребно. Оттогаш Рахим стана славна личност во Чеченија, во рускиот регион Северен Кавказ. Неговиот Инстаграм е исполнет со фотографии и видеа на момчето како крева тегови, се бори со рака и учествува во спаринг за борачки вештини.

Рахим ќе мора да го повтори својот подвиг следната недела за да биде признат од Руската книга на рекордите, од каде што рекле дека, наводно, има некои мали проблеми во снимањето на постигнувањето на рекордот.

Куриев важи за вистинска атракција на многубројните спортски натпреварувања, а сонародниците го нарекоа „Чеченски Шварценегер”.
Петгодишниот Рахим тренира заедно со својот татко во нивниот стан. Најчесто вежба склекови, прави „шпаги” и „стои на раце”…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО