Генадиј Головкин се подготвува да ја одбрани титулата на неприкосновен светски шампион во средна категорија против шампион на ИБФ во велтер категорија Кел Брук.
ГГГ на 10-ти септември на гостински терен во Лондон ги брани ВБЦ, ИБФ и ИБО појасите, додека неговиот ВБА титулата не е доведена во прашање во овој меч.
Двајцата заедно имаат 71 професионална борба и исто толку победи. Брук е 36-0, а Казахстанецот на 35-0.
На подготовките во Биг Бер, Калифорнија, Головкин беше посетен од владетелот на мува категорија и по многумина најдобар боксер на светот во овој момент Роман Гонзалес – Чоколито, кој за следната борба се подига на супермува категорија.
34-годишниот ГГГ пред новинарите демонстрираше како да изгледаат подготовките за одбрана светската титула.