АктуелноМеѓународна сценаММА

Дерик Луис за само 35 секунди го заврши Талисон Тешеира на турнирот во Нешвил

Талисон Тешеира, највисокиот борец во списокот на УФЦ, го претрпе првиот пораз. Бразилецот висок 203 сантиметри беше на дофат на Црниот ѕвер, кој убедливо ја доби втората последователна и 29-та победа во професионалната кариера.

Дерик Луис го победи Талисон Тешеира со прекин за само 35 секунди во тешка категорија на УФЦ на ЕСПН 70 во Нешвил.

Бразилскиот борец се закани на почетокот на борбата, удирајќи го Луис во главата и закачувајќи го за окото. Акцијата продолжи, а Црниот ѕвер успеа да се извлече од неволја.

Американецот го држеше Тешеира на пристојно растојание, а потоа нанесе лево кроше што го испрати противникот во нокдаун.

Луис се обиде со жесток граунд енд паунд за да ја заврши борбата, а Тешеира ја зграби оградата и успеа да се врати на нозе. Во тој момент, судијата Џејсон Херцог ја прекина борбата.

Во борбата во велтер категорија Бразилецот Габриел Бонфим беше подобар од локалниот борец Стивен Томпсон во тесна борба со поделена одлука на судиите.

Резултати од УФЦ на ЕСПН 70:

Дерик Луис – Талисон Теиксеира – со ТКО (удари), Р1 (0:35)
Габриел Бонфим – Стивен Томпсон – со поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Стив Гарсија – Калвин Катар – со едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Морган Шариер – Нејт Ландвер – со нокаут (удари), Р3 (0:27)
Витор Петрино – Остин Лејн – со завршница (задушување одзади), Р1 (4:16)
Туко Токос – Јуниор Тафа – завршница (задушување со триаголник на раката), Р2 (4:25)

Прелиминарни борби:

Крис Картис – Макс Грифин – со поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Џејк Метјуз – Чиди Њокуани – завршница (давење одзади, Р1 (1:09)
Едуарда Маура – Лорен Марфи – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Валтер Вокер – Кенеди Нзечукву – завршнива (превртена пета), рунда 1 (0:54)
Мајк Дејвис – Мич Рамирез – технички нокаут (летачко колено и удари со тупаници), Р2 (4:08)
Фатима Клајн – Мелиса Мартинез – технички нокаут (удар во глава и удари со тупаници), Р3 (2:36).

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON